
Нови двајца тинејџери се жртви на врсничко насилство во Скопско, а еден од нив добил и повреди од нож.
Како што соопшти МВР, вчера во СВР Скопје прво околу 11:00 часот Ш.С.(59) од с.Бојане, скопско, пријави дека на 17.09.2026 во селото, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој употребил тврд предмет.
Во 13:00 часот, пак, Ф.А.(43) од Скопје пријавила дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик, нанесувајќи му расекотина во пределот на раката.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.
Исто така, јавноста денеска е згрозена од последниот случај на насилство од страна на деца каде во Кочани каде шестгодишно дете било соблечено, нападнато и снимано од други деца во соблекувална.

Македонски


