Skip to main content

Претседателката им укажа за неприродно и нелогично долгиот македонски пат кон Брисел на делегацијата на францускиот Сенат

Кабинет на претседател

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Сенатот на Француската Република, предводена од Марта де Сидрак, претседателка на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан. Во состав на делегацијата беа сенаторите Арно Базен, Ален Милон и Лоранс Арибе, советникот Гијом Рендино и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер.

Претседателката, како што соопшти нејзиниот Кабинет, ја поздрави посетата на француските сенатори и активниот ангажман на Групата за парламентарно пријателство во поддршката на регионот на патот кон ЕУ. Таа ја нагласи важноста на континуираниот политички дијалог и на парламентарната соработка, во духот на принципите и вредностите утврдени во основачките акти.

фото: Кабинет на претседателот  

Сиљановска-Давкова укажа на неприродно и нелогично долгиот македонски пат кон Брисел, којшто, наместо преку Копенхаген, врвел преку метрополите на соседите, членки на ЕУ, соочувајќи се со препреки и услови од идентитетска, наместо од реформска природа, информира Кабинетот. 

Таа потсети дека уште во 1992 година, Бадентеровата комисија позитивно ја оценила нашата уставна усогласеност со Европската конвенција за човекови права и со Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, а во 2022, Венецијанската комисија во Мислењето за Законот за употреба на јазиците, констатирала повисоки стандарди на заштита на малцинските права од европските.

Според  Сиљановска-Давкова, на македонскиот евроинтеграциски парадокс, кога, по десетина позитивни годишни извештаи за почитување на правата на заедниците, за прв пат, во 2023 година, во Извештајот на бугарскиот пратеник Илхан Ќучук се констатира потребата од внесување на Бугарите во нашиот устав, врз основа на вториот записник/протокол на Македонско-Бугарската комисија за историски и образовни прашања, потпишан од министерот Османи и министерката Генчовска, иако во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, таква одредба нема.

фото: Кабинет на претседателот  

Таа прашува: може ли со записник/протокол, двајца министри да „амандманираат“ билатерален договор; може ли услов од записник да стане дел од Заклучоците на Советот, а тоа да не се проблематизира и спори; може ли некоја држава да бара од друга промена на уставот, а да се заборави на филозофијата на Договорот за ЕУ, односно одредбите за почитување на: националниот и културниот идентитет на државите и нациите, уставните и политичките структури, интегритетот и дигнитетот на граѓаните; може ли некој во демократска држава да гарантира уставни измени, кога пратениците ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено уверување?, наведуваат од Кабинетот.  

Македонскиот Устав, односно членот 48 и амандманот VIII, напомена претседателката, ги гарантираат малцинските права не само на наброените заедници во Преамбулата, туку на „другите“, за разлика од бугарскиот, којшто, освен антидискриминаторската клаузула од членот 6, не содржи ниту една гаранција, па Венецијанската комисија, во Мислењето од 2008 и препорачува со уставна измена да го стори тоа.

Сиљановска-Давкова го афирмираше и прашањето за односот на Бугарија кон пресудите на Судот за човекови права во Стразбург, во којшто има и свој судија.  

Претседателката на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан, Марта де Сидрак, изрази разбирање за состојбата во којашто се наоѓа земјава и ја потврди француската поддршка за нејзината европска перспектива, потенцирајќи дека државите од Западен Балкан заслужуваат членство во ЕУ врз основа на мерит системот. Таа изрази уверување дека Групата за пријателство Франција–Западен Балкан ќе продолжи да го негува дијалогот, европските вредности и наследството на Робер Бадентер, како нејзин основач

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişanında indexpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetbetsmovejojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet