Skip to main content

Премиерот од ОН: Мала земја сме, но имаме голема амбиција да изградиме сериозна држава

Македонија е мала земја, но големината на нејзината територија не смее да го ограничува размерот на нејзините амбиции, порача претседателот на Владата во обраќањето на Генералната дебата на 81. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Премиерот нагласи дека македонската амбиција е да се изгради сериозна држава на која сојузниците ќе можат да ѝ веруваат и во која младите ќе можат да ја планираат својата иднина.

Тоа треба да биде држава што ќе ги почитува различностите и мултикултурниот карактер на општеството, ќе биде доволно сигурна да го брани сопствениот идентитет без да го негира идентитетот на другите и ќе ја познава својата историја, но нема да остане заробена во неа.

Македонија, како што посочи, не треба да очекува другите да ја изградат наместо неа.

– За мене, тоа е современ суверенитет. Не изолација. Способност – нагласи премиерот.

Централно место во тој процес има довербата, која не може да биде создадена само со усвојување резолуции. Таа е резултат што се гради кога институциите ја исполнуваат целта поради која биле основани.

Поради тоа, според премиерот, неопходна е реформа на Обединетите нации со која Организацијата ќе стане поспособна и ќе постигнува подобри резултати.

Целта на реформата не треба да биде одговорноста на националните држави да се пренесе врз ОН, туку Организацијата да може ефикасно да дејствува во областите во кои е неопходен заеднички меѓународен одговор.

– Мултилатерализмот не започнува во Њујорк. Тој започнува со квалитетот на државите што доаѓаат во Њујорк – порача претседателот на Владата.

Тој потсети и на пораката на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дека Повелбата на Организацијата започнува со зборовите „Ние, народите“, а не со повикување на најмоќните или на победниците.

Токму во тие зборови, според премиерот, се наоѓа причината поради која една мала европска земја продолжува да верува во Обединетите нации дури и кога е разочарана од начинот на кој функционира меѓународниот систем.

Алтернативата на свет управуван според правила не е свет во кој сите се слободни. Тоа е свет во кој најсилните имаат најголема слобода, додека сите други зависат од нивната добра волја.

Таквиот свет може привремено да изгледа ефикасен, но не може да биде стабилен.

Премиерот потсети дека пред околу три децении Обединетите нации дошле во Македонија со нова идеја – меѓународната заедница да не го чека почетокот на насилството, туку да дејствува превентивно.

Денес повторно е потребна истата политичка мудрост и навремено дејствување пред проблемите да прераснат во кризи.

Светот не смее да чека новите технологии да создадат дополнителни нееднаквости за дури потоа да воспоставува правила. Не смее да чека младите да заминат за да создава општества во кои ќе гледаат иднина и причина да останат.

Не треба да се чека ниту институциите целосно да ја изгубат довербата на јавноста за да почнат да се реформираат, ниту светот да се подели на спротивставени блокови за повторно да ја открие вредноста на дијалогот.

Во завршницата на говорот премиерот повторно се наврати на детето што оваа година првпат ќе седне во училишна клупа, а во 2040 година ќе биде млад човек на прагот на зрелоста.

Никој од денешните лидери не може да му гарантира мирен свет, ниту свет без кризи и конкуренција. Но сегашната генерација може да му остави поредок во кој моќта нема да биде единствениот аргумент, а знаењето нема да остане привилегија на малкумина.

Тоа треба да биде свет во кој сојузите ќе создаваат безбедност наместо нови линии на страв, технологијата ќе му служи на човештвото, а малите држави ќе имаат право на исто достоинство, исти правила и ист глас како големите сили.

Премиерот нагласи дека ова ветување треба да биде обновено не поради наивност, туку поради свеста за последиците од свет препуштен исклучиво на моќта.

– Македонците и македонските граѓани ќе го преземат својот дел од одговорноста – порача претседателот на Владата на крајот од обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetSahabet girişmarsbahis güncel girişanında indexpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetbetsmovejojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet