Skip to main content

Ристески: Оперативен план за вработување е во вредност од 40 милиони евра, а целта е работно ангажирање на младите за да останат во Македонија

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој беше дел од настанот Саем- отчет, 4 години работа за тебе стави акцент на новиот Оперативен план за вработување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Според Ристески ова е најобемниот Оперативен план.

„Ова е најголемиот Оперативен план за вработување. За истиот се предводени околу 40 милиони евра. Или тоа се 7 милиони евра повеќе од претходниот оперативен план“, информира Ристески.

Ристески укажа дека целта на планот е да се задржат младите во Македонија.

„Оперативниот план се однесува на млади  до 29 години. Многумина млади заминаа и ние на овој начин сакаме да ги задржиме во државава. Оперативниот план опфаќа околу 16 илјади  лица претежно млади“, кажа Ристески. 

Со Оперативниот план се предвидени 9 мерки, од кои акцент се става на две од нив.

„Главни мерки се две, самовработување и другата е вработување во постојните јавни претпријатија“, вели Ристески.

Поврзани вести