
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе има состанок со Советот на странски инвеститори.Од владината прес-служба соопштија дека по состанокот премиерот Мицоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата.
Денешниот состанок беше договорен на претходната средба на Мицкоски со Советот на странски инвеститори одржан на 4 септември годинава.
Владиниот тим предводен од премиерот и претставници на 40-тина компании со странски капитал кои работат во земјава, тогаш разговараа за барањата и потребите на бизнисот, за унапредување на владеењето на правото и правната сигурност. Договорено беше и формирање работни групи кои ќе работат на конкретни подобрувања на бизнис климата во државата и зголемување на конкурентноста и успешна работа на постојните инвеститори, како и привлекување нови странски инвестиции