Skip to main content

Нови цени на горивата

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во однос на претходната одлука од 18 мај.

Според одлуката, од 27 мај на полноќ, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета.

Новите максимални цени ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87,50 денари за литар

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 89,50 денари за литар

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92 денари за литар

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 94 денари за литар

Мазут М-1 НС – 51,144 денари за килограм

Од РКЕ информираат дека на светските пазари референтните цени на нафтените деривати бележат намалување, но курсот на денарот во однос на доларот бил повисок за 1,0116 проценти, што влијаело врз конечната пресметка.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,330 денари по килограм.

Од Комисијата потсетуваат дека станува збор за максимални цени и дека трговците можат да ги формираат и пониско од утврдените.

Поврзани вести