Skip to main content

Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура, безбедност во сообраќајот е врвен приоритет

Министерство за транспорт

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот транспорт.

Министерството за транспорт се приклучува кон најголемата европска кампања за подигање на свеста за одржлив транспорт и подобрување на квалитетот на живот во градовите, со што ја потврдуваме нашата посветеност да се движиме во ист правец со најдобрите европски практики. Со Националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030 година предвидена е мерка за поддршка на поголемите градови за изработка на планови за одржлива урбана мобилност. Поддршката вклучува развивање на планови за одржлива урбана мобилност за Кавадарци и Прилеп, Кочани, Струмица и Струга, во согласност со насоките за развивање и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност на ЕУ – истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски.

Тој потенцира дека Министерството особено внимание посветува на унапредување на стандардите за велосипедската инфраструктура се со цел да се зголеми безбедност на велосипедскиот сообраќај.

Во Законот за јавни патишта предвидовме основа за донесување на Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура, а во соработка со граѓанскиот сектор изработивме предлог Правилник којшто ќе биде донесен во текот на следниот период. Со ова, сакаме да испратиме порака дека велосипедот како симбол на одржлива мобилност е рамноправно превозно средство, а не само средство за рекреација. Со поддршка од државата и со визија на општините, можеме да изградиме градови кои се поодржливи, побезбедни и подобри места за живеење – истакна потпретседателот на Владата, Николоски.

Денешната конференција се организира во рамки на Европската недела на мобилност под мотото „Мобилност за секого“.

Поврзани вести