Skip to main content

Нема штрајк – авиосообраќајот в понеделник ќе се одвива редовно

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ – подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје ќе ја почитува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје кој на 16 овој месец донесе решение со кое го усвои предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување привремена мерка – забрана на најавениот штрајк.

Од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ изјавија дека ќе ја почитуваат одлуката на судот, но и натаму ќе продолжат со активности за оставрување на барањата.

Инаку, според најавата за штрајк на контролорите, не требаше да има полетувања и слетувања на Скопскиот и на Охридскиот аеродром од 10:00 до 15:00 часот в понеделник на 20 октомври. Се предвидуваше да работи само со еден сектор, со максимален број од 30 авиони што ќе ја прелетуваат Македонија, односно со намален капацитет за околу 50 отсто од постојната побарувачка и да се повторува тоа секој следен понеделник, во исто време.

Поврзани вести