Skip to main content

Мицкоски: Има понуди за финансирање на брзата пруга

Фото: Freepik

Премиерот Христија Мицкоски потврди дека има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорт 10, за кои рокот за доставување завршува утре. 

Да, има, рече Мицкоски, во гостување на ТВ Сител, порачувајќи дека пругата ни е потребна веднаш затоа што ќе останеме изолирани ако не ја изградиме и модернизираме. 

Министерсвото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10.

Прашан даи ќе бидеме ослободени од царнските тарифи на САД рече дека преговорите се во тек, се водат во позитивна насока. –  Следната недела е крајниот рок  кога македонската јавност ќе знае што е тоа што го добиваме од админисрацијата на САД, рече Мицкоски. 

Поврзани вести