Skip to main content

МЕПСО и ЕСМ заедно работат на развој на преносната мрежа и интеграцијата на обновливите извори на енергија

Раководствата на АД МЕПСО и АД ЕСМ на координативна средба ги усогласуваа стратегиите за развој на електропреносната инфраструктура и можностите за интеграција на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори. 

Во насока на зајакнување на преносната мрежа и обезбедување поголема стабилност и доверливост, АД МЕПСО ги презентираше проектите со кои се става особен фокус на адаптација и проширување на капацитетот на преносната инфраструктура за нови производни извори на енергија и изградба на објекти за складирање на енергија, а АД ЕСМ ги презентираше плановите за проширување на производното портфолио.

На средбата беа разменети информации во однос на напорите кои се прават за изградба на нови преносни водови, нови трансформаторски станици и примена на напредни технологии со кои ќе се подобри ефикасноста и стабилноста на целокупниот електроенергетски систем, информираа од АД МЕПСО.

Двете компании се договориле да ја продолжат соработката и да ги динамизираат активностите за реализација на планираните проекти со единствена цел, да се одговори на идните предизвици во енергетиката и да се обезбеди одржлив и сигурен развој на енергетскиот сектор во државата. 

Поврзани вести