
Владата на Македонија ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 ангажмани.
Најголемиот дел, 9.750 дозволи, е наменет за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани.
Од квотата, 4.500 се за нови работници, а 5.250 за продолжување на дозволи за оние кои веќе работат во државата.
Министерството за економија и труд ќе го следи искористувањето на квотата и состојбата на пазарот на трудот.
Одлуката стапува на сила од денес, 16 јануари 2026 година.

Македонски





