
Хотелиерите се согласни со министерот Николовски дека на Охрид и Струга им се потребни нови хотели и тоа со 5 звезди за да се привлечат повеќе гости од висока категорија.Наместо згради за колективно домување, потребно е стимулирање на изградба на туристички капацитети. За тоа се потребни измени во законот за градење, велат од Хотелската асоцијација.Но додека се донесат тие измени приоритет според нив е побрзо довршување на патната инфраструктура до туристичките центри и отварање повеќе авионски линии.
И хотелиерите од соседството велат дека на Охридското крајбрежје му недостигаат современи луксузни хотели. Викенд становите креираат масовен туризам и инфраструктурни проблеми, а луксузните хотели носат гости со подлабок џеб.
,Фокусот секогаш треба да ни биде на подобрување на условите,мора да се модернизираме како сектор.Како прво мораме да работиме на подобра инфраструктура до хотелите, и треба да се градат нови модерни хотели кои ќе привлечат гости со подлабок џеб. Тоа е клучот за напредок во туризмот.Не смееме да се задоволуваме со масовен,потребен е и елитен туризам.Секаде во регионот не само кај вас. – вели Никола Пејовиќ претседател на Хотелската асоцијација на Црна Гора.
Министерот Николовски најави дека Владата планира да ги олесни процедурите за градба на хотели. Според него не може да се зборува за туризам, а во главниот туристички центар да нема ниеден хотел со 5 звезди.
Во ред е и треба да има заштита, но ако сакаме да се развиваме во туризмот во делот на изградба на хотели, а не во згради, треба да ја олесниме процедурата за изградба на хотели и да привлечеме инвеститори потенцираше Николовски.
Инаку на брегот на Охридското Езеро има околу 40.000 викенд станови, а само околу 7.000 хотелски соби. Расположливите капацитети во екот на сезоната се исполнети и до 90 проценти.

Македонски








