Skip to main content

Финансии: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Средствата обезбедени од унгарскиот заем за поддршка на домашната економија, односно домашните компании се одвива врз основа на услови кои транспарентно се објавени и нема ризик врз буџетот, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во гостување на Радио Лидер.

Условите се транспарентно објавени под кои се одобруваат кредитите. Парите не ги дава Развојната банка, туку комерцијалните банки кон крајните корисници – компаниите. Кредитите ги одобруваaт комерцијалните банки, тие процесираат и ризикот е на банките. Доколку некоја банка направи погрешна проценка комерцијалната банка има обврска да го врати кредитот на Развојна банка, односно во буџетот, рече Димитриеска-Кочоска.

Инаку, за домашните компании од унгарскиот заем што го обезбди Владата се предвидени 250 милиони евра. Средствата се пласираат кон домашните компании преку комерцијалните банки. Досега се префрлени три танши во износ од 125,7 милиони евра.

Поврзани вести