Skip to main content

Досега пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување, од вчера објавена мерка за вработување и раст на правните субјекти

Информативни денови за мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година денеска се одржаа во Радовиш и Гевгелија.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески изрази задоволство од големиот интерес за мерката за самовработување, на која до Агенцијата за вработување се пристигнати пријави на повеќе до 6.000 лица. Тој се осврна и за најновата мерка која од вчера е достапна, а таа е директна помош за компаниите.

Станува збор за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“, подмерка – Вработување и раст на правни субјекти, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средните претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со мерката на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, каде истата се движи од 160.000 до 220.000 денари, во зависност од целната група, а работодавачот е должен да го задржи нововработеното лице на работа од 9 до 15 месеци (во зависност од целната група). Сите заинтересирани работодавачи кои сакаат да ги искористат поволностите од оваа мерка, можат да аплицираат до Агенцијата за вработување до 04.07.2025 година – кажа Ристески.

Градоначалниците на Радовиш, Ацо Ристов, на Конче, Златко Ристов, и на општина Гевгелија, Андон Сарамандов ги поздравија мерките од Оперативниот план за вработување и искажаа задоволство од покажаниот интерес за самовработување во нивните општини. Тие упатија апел до сите компании да се запознаат со деталите од јавниот повик за Вработување и раст на правни субјекти во било која од 30-те подрачни центри за вработување на АВРМ и да аплицираат со цел да ги искористат поволностите кои се нудат.

Поврзани вести