Skip to main content

Вучиќ: Не сум Асад, нема да бегам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека тој не е Асад и дека нема да бега никаде.

Дури и да мислите дека сум Асад, па ќе побегнам некаде – НЕ СУМ“, објави Вучиќ доцна синоќа.

Тој потенцираше дека ќе остане во Србија, неговото место, каде и ќе заврши.

Жив сум, цел живот живеам овде во Србија, благодарен сум на мојата Србија, ќе останам овде, ова е моето место каде ќе завршам. Ќе се борам за Србија и ќе му служам само на мојот, на српскиот народ и на сите други граѓани на Србија, никогаш на странците, никогаш на оние кои сакаат да ја поразат, понижат и уништат Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Вучиќ предупреди дека Србија е под притисок од различни страни и се обидуваат да ја соборат со сите можни хибридни средства.

Поврзани вести