
Почнаа апсењата на луѓе кои планираа државен удар во Србија. Уапсени се Младен Цвјетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Ладо Јововиќ, Лазар Диниќ, Марија Васиќ и Давор Стефановиќ.

На снимката која беше емитувана синоќа, јасно се слуша како група учесници подготвуваат терористички акти и уривање на уставниот поредок на Србија.
Тие се товарат за кривично дело подготвување акт против уставниот поредок и безбедноста на Србија во соучесништво од член 320 во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 став 1 од Кривичниот законик.