Skip to main content

Уапсена поранешна црногорска министерка за незаконска смена на директори

Црногорската полиција синоќа ја уапси тамошната поранешната министерка за образование Весна Братиќ поради сомнение за злоупотреба на положбата во периодот од 2020 до 2023 година.

Братиќ се сомничи за незаконска смена на 140 директори на основни и средни училишта, со образложение дека не формирале училишни одбори.

Судот утврдил дека смените биле незаконски, по што државата на сменетите директори им исплатила 280 илјади евра отштета.

На министерката и е одреден 72-часовен притвор поради опасност од влијание врз сведоци

Поврзани вести