Skip to main content

Турција демантира дека Ердоган е болен

Фејсбук профил на Реџеп Таип Ердоган

Центарот за борба против дезинформации при Дирекцијата за комуникации на турското претседателство ги отфрли тврдењата за влошено здравје на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, опишувајќи ги како неосновани и директно насочени против институцијата Претседател.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Центарот соопшти дека Ердоган, како шеф на државата, продолжува да ги извршува своите уставни овластувања и обврски, работи во интерес на својот народ и вложува максимални напори.

Министрите, политичарите и функционерите што се среќаваат со Ердоган се свесни за неговата бистрина и силата зад неговите одлуки“, се додава во соопштението.

Објавата доаѓа по коментар за здравјето на Ердоган на Јутјуб-канал, поради што Центарот го оцени тврдењето како непочитување на сериозното новинарство и недостиг на одговорност.

Поврзани вести