
Ако се држите цврсто до вашите убедувања, никој не може да ви наштети, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто за поткастот „Triggered“ со Доналд Трамп Јуниор. Синот на американскиот претседател во вторникот го посети Белград. По средбата Трамп Јуниор објави дел од поткастот на својот Инстаграм профил.
Вучиќ во разговорот истакна дека „мирот е од најголема важност за сите“ иако, вели, не знае како точно американскиот претседател ќе придонесе за тоа.
– Но, ако го направи тоа, Господ да го благослови, бидејќи ќе го спаси светот, бидејќи тоа не беше украинско-руска војна, половина свет учествуваше во таа војна – рече Вучиќ.
Одговарајќи на прашањето на Трамп Јуниор за меѓународниот притисок, Вучиќ рече дека „ако се држите цврсто за вашите верувања, никој не може да ви наштети“.