Skip to main content

„Да, МВР итекако мора да ги засили контролите за тротинетите, но мора да проработи и совеста на родителите“, порача министерот

Во однос на честите прекршувања на правилата за користење електрични тротинети од страна на малолетници, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостувањето во централниот „Дневник“ на Македонската радио-телевизија оцени дека покрај засилените контроли, клучна е и одговорноста на родителите.

Најголем број од жртви, причинители на сообраќајни незгоди со електрични тротинети се токму малолетните лица до 17 години. Заради тоа и се одлучивме законската забрана за управување на електрични тротинети да биде заклучно со 18 години. Да, Министерството за внатрешни работи итекако треба поинтензивно да работи на контролата на оние коишто ги управуваат електричните тротинети, но доколку родителот не му го даде електричниот тротинет на малолетникот, тој нема да го управува. Не за џабе забранивме да бидат управувани од страна на малолетниците. Да, ние максимално ќе ги зајакнеме контролите, но навистина совеста на сите, особено на родителите во однос на децата, мора да проработи и едноставно мора да го почитуваме законот – порача Тошковски.

Министерот апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила заради сопствената безбедност, безбедноста на нивните деца и на сите учесници во сообраќајот, нагласувајќи дека институциите остануваат целосно посветени на подобрување на состојбите преку мерки во рамки на проектот „Безбеден град“, унапредување на инфраструктурата и отстранување на критичните сообраќајни точки.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobet