Skip to main content

Лавров: Ако Европа ја нападне Русија, војната ќе биде многу кратка

Министерство иностранных дел Российской Федерации

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изрази надеж дека европските земји го слушнале неговото предупредување дека, во случај на напад на Европа врз Русија, ќе следи „многу кратка војна“.

Ако Европа, која секој ден зборува за подготовки за војна против Русија, ја нападне Руската Федерација, тоа веќе ќе биде сосема поинаква војна и ќе биде многу кратка. Се надевам дека ова предупредување беше слушнато во европските престолнини и структури кои сега се обидуваат да се претстават како обединета Европа, рече Лавров на Меѓународниот младински фестивал во Екатеринбург, пренесен од руските медиуми.

Зборувајќи за Европа, Лавров рече дека многумина ја гледаат како „извор на злото“ со оглед на, како што наведе, страдањето и уништувањето што му го предизвикала на светот низ историјата.

Во интервју на Првиот канал, Лавров рече дека во текот на претходните 500 години, Европејците живееле на сметка на другите, наведувајќи го колонијализмот и ропството, и дека политиката на европските земји довела до избувнување на две светски војни.

Тој, исто така, потсети на инвазијата на Наполеон и Хитлер врз Русија, во која, според него, учествувале претставници од цела Европа.

Лавров рече дека „идејата за нанесување стратешки пораз на Русија“ е сè уште во центарот, како што изјави, на аспирациите на Западот кон Руската Федерација.

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, Лавров рече дека за Русија решавањето на конфликтот значи исполнување на задачите поставени од Москва на почетокот на специјалната воена операција и елиминирање, како што изјави, „коренските причини за кризата“.

Тој, исто така, ги обвини украинските власти дека се „единствениот режим во светот што забранил цел јазик“, тврдејќи дека рускиот јазик е законски ограничен во Украина од 2017 година.

Лавров, исто така, оцени дека европските земји сакаат да го задржат, како што рече, „отворено нацистичкиот и русофобичен режим“ на власт во Украина и дека разгледуваат планови за распоредување на одредени сили на територијата контролирана од украинските власти.(МИА)

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobet