Skip to main content

Трагедија на автопат во Грција: Три лица загинаа во судир на камион со колона возила

Принтскин

На автопатот „Егнација“ од Комотини до Ксанти во Грција се случи тешка сообраќајна несреќа кога камион се судри со автомобили запрени во колона долга 600 метри на наплатната рампа Јасмос. Во несреќата загинаа најмалку три лица, а две лица се здобија со тешки повреди.

Во двата автомобили се превезувале роднини кои се враќале од свадба во Еврос. Во едното возило, 59-годишниот возач, 61-годишниот совозач и 57-годишниот патник загинале од пожар што избувнал по судирот. Според полициски извори, станува збор за четири албански државјанки со дозвола за престој во Грција, жители на Атина. Една 49-годишна жена преживеала и е хоспитализирана во Комотини.

Во предното возило се наоѓале други роднини, вклучувајќи 36-годишен возач, 28-годишен патник и две момчиња на 4 и 5 години, кои исто така преживеале.

Бугарскиот возач на камионот е тешко повреден и опериран, додека патникот во камионот е исто така хоспитализиран во стабилна состојба.

Се преземени мерки за пренасочување на сообраќајот преку националната мрежа Комотини – Порто Лагос – Ксанти. На местото на несреќата интервенирале 22 пожарникари со 9 возила, 3 амбулантни возила и полицијата.

Пожарот по судирот се проширил и во околната рурална област, предизвикувајќи дополнителна интервенција на противпожарните служби.

Поврзани вести