Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за „зајакнување на односите меѓу двете земји“.
Се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарна поддршка и ги координиравме нашите напори на заедничкиот пат кон интеграцијата во ЕУ. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж за постигнување мир што е можно поскоро, објави Зеленски на X.
Тој додаде дека на почетокот на оваа недела ги прифатил акредитивните писма на новиот српски амбасадор.
Верувам дека обновената и полноправна работа на српската амбасада на чело со амбасадорот ќе ја подобри нашата соработка, додаде украинскиот претседател.