Skip to main content

Стерјовски се сретна со холандската европратеничка Дер Вале, ја запознал со положбата на македонското малцинство во Албанија

Фото: Васил Стерјовски ФБ

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Леуварден, Холандија се сретна со европратеничката Ракел Гарсија Хермида ван дер Вале.

-Посебна чест и задоволство беше да остварам средба со почитуваната  европратеничка, Дер Вале, која е голем поддржувач на правата на малцинствата во Европскиот парламент. На средбата ја запознав со положбата на малцинствата, особено на македонското малцинство во Албанија, и со предизвиците со кои се соочува во зачувувањето на својот идентитет, јазик и култура, информираше Стерјовски.

Посочува дека се договориле  преку Интергрупата за традиционални малцинства, национални заедници и јазици во Европскиот парламент да адресираат повеќе прашања поврзани со правата на малцинствата во Албанија, во контекст на европската интеграција и членството на Албанија во Европската унија.

-Верувам дека со заеднички ангажман и европска поддршка ќе придонесеме кон создавање на послободно, правично и инклузивно општество за сите малцинства во Албанија, нагласува Стерјовски во објава на Фејсбук. 

Поврзани вести