
Српската опозиција откако им пропадна протестот во сабота го извадија последниот адут а тоа е дека власта користела звучен топ. Тоа е уред што испушта иритирачки звук кој може да предизвка мачнина и вртолгавици,непријатен за ушите и слухот.

Српското МВР поседува вакви уреди но никогаш не ги користело. Тоа го потврди и американскиот производител „Џенесис“.
На кој начин фунцкионира звучниот топ

LRAD, или радио-контролиран уред со долг дострел, спаѓа во категоријата на таканаречените „несмртоносни“ оружја кои сè уште се главно во експериментална фаза и беа развиени првенствено за војската. Со емитување звучни бранови во одредена насока, може да предизвика главоболки, гадење, дезориентација, оток и губење на рамнотежа кај заболените лица, но, според некои сериозни извештаи, здравствените последици може да вклучуваат трајно оштетување на слухот, па дури и смрт не е исклучена.