
Еден маж загина, а друг е тешко повреден во авионската несреќа што попладнево се случи кај аеродромот Биково во Суботица, кога мал авион од типот „Пајпер“.
Во леталото вечерва се наоѓале двајца членови на екипажот. Копилотот Золтан С. (30) починал на самото место, и покрај обидите за реанимација, додека пилотот Карло Ф. (24) во тешка состојба е пренесен во болницата во Суботица. Падот се случил за време на приодот кон аеродромот Биково, на околу два километри од пистата. Причините за несреќата сè уште не се познати.
Полицијата, пожарникарите и Итната помош веднаш излегле на терен и вршат увид, а по наредба на обвинителството, истрагата ја водат и надлежните од Цивилната авијација.

Македонски








