Skip to main content

Се гледаме на Видовдан – Граѓани се собираат во центарот на Белград

Колони граѓани се собираат на плоштадот Славија во Белград, каде се оддржува собир под слоганот „Се гледаме на Видовден“. Српските медиуми информираат пренесуваат дека центарот на градот е преплавен од луѓе, а се забележува и засилено полициско присуство.

Протестот започнува со 16-минутен молк во чест на загинатите од падот на настрешницата во Нови Сад. Потоа следат говори на учесниците и организаторите на собирот.

Претходно студентите упатија барање до актуелната влада да распише вонредни парламентарни избори до Видовден, односно денеска, 28 јуни. Побараа прекинување на митингот во Пионирскиот парк во центарот на Белград, каде што студенти кампуваат во последните три месеци, барајќи продолжување на универзитетската година.

Студентите во блокада најавија и доколку барањата не бидат исполнети до 28 јуни во 21 часот, очекуваат дека граѓаните ќе бидат подготвени да ги преземат сите постојни мерки на граѓанска непослушност.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешното одбележување на празникот Видовден рече дека очекува да се случат обиди за насилство.

„Ќе има насилство. Не можат да се извлечат од тоа. Според нашата проценка, се очекува насилството да почне меѓу 20:45 и 21:45 часот. Ние сме подготвени. Кој ќе ги слуша Бодирога, Кокановиќ, Перишиќ? Тоа се бесмислени говори. Тие не се во можност да кажат пет реченици за себе, а камоли нешто повеќе“,рече Вучиќ.