Skip to main content

Првиот подготвителен состанок за Експо во Белград на 10 и 11 јуни со претставници од 130 земји

Првиот состанок за планирање на меѓународно учество на специјализираниот саем Експо 2027 во Белград ќе се одржи во вторник и среда, 10 и 11 јуни, во Сава центарот со претставници од повеќе од 130 земји од целиот свет.

На состанокот во воведните говори ќе се обратат првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за финансии Синиша Мали, генералниот секретар на Меѓународното биро за изложби (БИЕ) Димитри Керкензес и директорот на компанијата „Експо 2027“ Белград, Душан Боровчанин.

 Мали оваа недела во Белград, пред првиот подготвителен состанок за Експото, се сретна со генералниот секретар на Меѓународното биро за изложби, Димитри Керкензес, и изјави дека 323 делегати од 133 земји ќе дојдат во Сава центар.

Поврзани вести