Skip to main content

Протести ширум Србија, инциденти пред простории на СНС во Нови Сад

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да излезат на улиците вечерва откако поддржувачи на СНС нападнаа синоќа демонстранти во Врбас и Бачка Паланка. Најавени се собири низ цела Србија, а како локации каде ќе се протестира – беа наведени просториите на СНС, како и полициски управи. На протести повикаа и собири на граѓани во неколку градови во државата.

Студентите во блокада напишаа на својот Инстаграм профил: „20.00. Разбудете се“.
Протести вечерва има во Белград, Лазаревац, Суботица, Ниш, Крагуевац, Чачак, Смедерево, Шабац, Рума, Горњи Милановац, Краљево, Лесковац, Сомбор, Аранѓеловац, Параќин, Прокупље, Ужице, Алексинац, Пирот, Кикинда, Сремска Митровица, Врање, Нови Сад, Зрењанин…

Во Нови Сад вечерва околу 21:00 часот дојде до судир меѓу граѓани и студенти кои започнаа протестна прошетка, и поддржувачи на Српската напредна странка (СНС). Кога демонстрантите стигнаа до простории на СНС околу шеесет поддржувачи на СНС почнаа да фрлаат со пиротехнички средства, петарди како и со фрлање шишиња и камења кон демонстрантите, јави Бета.

Потоа демонстрантите фрлаа кон просториите на СНС, по што реагираше полицијата. Симпатизерите на СНС продолжија да фрлаат кон демонстрантите со пиротехнички средства.
Во другите градови е тензично, полициски кордони ги раздвојуваат демонстрантите и приврзаниците на СНС.
Вечерва претседателот на државата Александар Вучиќ им се обраќа на прврзаници на СНС во Белград.

Поврзани вести