Skip to main content

Петмина обвинети за насилство на протестот на „Преродба“ во Софија

Софиското јавно обвинителство покрена обвиненија против пет лица – четворица полнолетни и еден малолетник – за хулигански дејства со особена дрскост за време на вчерашниот протест на партијата „Преродба“ во главниот град на Бугарија. Според обвинителството, некои од обвинетите покажале отпор кон полицијата пред зградата на Европската комисија и Европскиот парламент.

Според заменик-обвинителот Атанас Доцински, обвинетите можат да се соочат со затворска казна до пет години, додека за малолетникот таа би била до две години. Судот утре ќе одлучува за мерките за притвор.

Протестот, организиран против воведувањето на еврото, почна пред Народната банка на Бугарија, а потоа продолжи пред претставништвото на Европската комисија. Демонстрантите фрлаа пиротехнички средства и црвена боја врз зградата, а при судирите со полицијата беа повредени десет полицајци.

Обвинителството работи и на идентификација на други учесници во насилството. Според полицијата, протестот бил организиран од пратеници на „Преродба“, кои уверувале дека нема да има инциденти.

Поврзани вести