Skip to main content

Партијата на Борисов уште преговара за нова влада

Преговарачките тимови на ГЕРБ-СДС и „Демократска Бугарија“ (ДБ) одржаа состанок во Народното собрание и презентираа нацрти за коалициски договори, објавија двете формации на своите официјални профили на Фејсбук.

Нацртите вклучуваат приоритети за владината програма, како решавање на кризата во јавните финансии, енергетиката, правосудството и борбата против корупцијата, модернизација на водоснабдителната инфраструктура и механизам за одлучување меѓу коалициските партнери. Беа дискутирани и предлози за избор на регулаторни органи.

Работата на усогласување на текстот за коалициски договор ќе продолжи, соопштија ГЕРБ-СДС и ДБ. Дополнително, најавена е заедничка средба со „БСП-Обединета левица“ и „Има таков народ“ (ИТН), но не е прецизиран датум

Поврзани вести