Skip to main content

На Кипар поради шумски пожар евакуирани четири села

Freepik

На првиот ден од новиот топлотен бран на Кипар и наглиот пораст на температурата на воздухот, пожарникарите денеска се обидуваа да го стават под контрола огромниот шумски пожар поради кој беа евакуирани најмалку четири села.

Кипарските власти соопштија дека пожарот беснее во подрачјето северно од градот Лимасол, како и дека силните ветрови и високите температури го отежнуваат гаснењето.

– Можам да потврдам дека е причинета значителна штета на некои станбени објекти, изјави портпаролот на противпожарната служба Андреас Кетис за кипарската државна телевизија

Поврзани вести