Skip to main content

Минатата година албанско државјанство добиле 56 македонски граѓани

 Во текот на минатата година државјанство на Албанија добиле 56 македонски граѓани, што е 6,2 отсто од вкупниот број издадени државјанства.

Со измените на Законот за стекнување државјанство, Албанците  не се обврзани да полагаат познавање на албанскиот јазик.

Инаку, минатата година 919 лица добиле албанско државјанство, што претставува намалување од 33,5 проценти во споредба со претходната година.

-Анализирајќи ја земјата на потекло на лицата кои стекнале албанско државјанство, се забележува дека 49,1 проценти се по потекло од Косово; 13,8 отсто  од Турција; 6,2 отсто се по потекло од Македонија. Останатите се од други земји, а главно станува збор за спортисти, објавија медиумите.

Во меѓувреме, 472 лица се откажале од државјанство на Албанија, што претставува намалување од 45,7 проценти во споредба со 2023 година.

Во текот на 2024 година, 33,4 отсто од лицата кои добиле албанско државјанство и 41,3 отсто кои се откажале од него припаѓаат на возрасната група од 30 до 39 години.

Поврзани вести