Skip to main content

Мицотакис: Треба да го одржиме кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ

Треба да го одржиме кредибилитетот на процесот на проширување и нашите интереси во областа на безбедносната во однос на Западен Балкан. Треба да го одржиме ветувањето што им го дадовме на сите ваши земји дека сме посветени на реформите и на нашите заеднички вредности, бидејќи иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во Европа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со претседателката на Молдавија, Маја Санду, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека секој пат кога се среќаваат со партнерите, разговараат за процесот на проширување, не само со Молдавија и Украина, туку и со Западен Балкан и паралелно уште еднаш ја повтори грчката поддршка.

– За нас, проширувањето отсекогаш било и останува приоритет. Тоа е стратешка инвестиција што мора да ја сториме како Европејци за мирот, стабилноста, просперитетот и безбедноста на регионот. Денес е уште поимперативно, во конкретната геополитичка рамка на Европа, истакна Мицотакис.

Тој се осврна и на вчерашниот Самит Украина-Југоисточна Европа во Одеса, потсети дека првиот самит се одржа, на иницијатива на Грција во Атина во август 2023 година и иазрази задоволство што е продолжена иницијативата.

Дополнително, со претседателката на Молдавија разговарале и за енергетиката, за како што рече Мицотакис, амбициозните планови за поврзување на Александруполи со Одеса преку Бугарија, Романија и Молдавија. 

Поврзани вести