
.Србија нема да се придружи на санкциите против Русија, изјави српскиот премиер Ѓуро Мацут, објавија српските медуми пренесувајќи делови од негово интервју за руската агенција ТАСС.
Додека јас сум премиер, српската влада нема да се придружи на санкциите против Русија – рече Мацут во интервјуто.
Тој додаде дека Србија одржува интерес за зближување со БРИКС, а развојот на односите со членките на асоцијацијата е стратешки приоритет за државата.
Ние постојано се залагаме за потребата од продлабочување на соработката со нашите традиционални партнери и пријатели. Земјите од БРИКС се најважните играчи на светската сцена и развивањето силни меѓусебно корисни односи со нив е од стратешки интерес за нас – истакна премиерот на Србија.
Мацут објасни дека во исто време, Србија „продолжува по својот пат кон членство во Европската унија“.