Skip to main content

Хрватското министерство предупредува: Африканска чума кај дивите свињи се шири неконтролирано

Freepik

Хрватското Министерство за земјоделство и гори соопшти дека се потврдени два нови случаи на африканска чума кај диви свињи во ловишта во окрогот Осиек‑Барања, на истокот на земјата.

Со новите потврдени случаи, вкупно 21 случај на африканска чума е пријавен кај диви свињи оваа година – 19 во Вуковар‑Срием и два во Осиек‑Барања. Дополнително, 11 огништа биле регистрирани кај домашни свињи, посочува Министерството.

Присуството на вирусот во околината и кај дивечот укажува на неконтролирано пренесување од фарми кон природата, предупредуваат властите. Недоволната биосигурност, неформално одгледување и нелегален транспорт на свињи и месо придонеле за ширењето.

Министерството ги повикува сите ловни концесионери да се придржуваат до мерки за биосигурност – пред, за време и по лов – и да пријавуваат секој случај на умрени диви свињи (вклучително и сообраќајки или болести) до ветеринарните служби.

Упатен е апел до фармерите да имплементираат строги биосигурносни мерки за заштита на своите стада и да се јават на ветеринар при први сомнежи, потенцира министерството.

Министерството дополнително истакнува дека циркулацијата на вирусот во природата претставува сериозна закана не само за домашните фарми во регионот, туку за целата земја.

Поврзани вести