Skip to main content

Грчките актери излегоа на штрајк во барање за колективни договори

Грчките актери ја прекинаа работата во рамки на протест организиран од Синдикатот на грчките актери, со цел да се изборaт за потпишување колективни работни договори.

Според соопштението на синдикатот, штрајкот има за цел да изврши притисок врз двете најголеми организации на работодавачи во театарскиот сектор да започнат преговори и да склучат колективен договор со актерите, пренесува весникот „Катимерини“. Акцијата доби широка поддршка од синдикатите на вработените во театарот, како и од Грчкиот синдикат за сценски уметности и акустика, кои застанаа зад барањата на актерите.

Поврзани вести