
Како што беше најавено, во Хрватска пристигна голема промена на времето. Невремето околу 10 часот утринава го зафати Загреб. Најголема штета е направена на подрачјето на Нов Загреб, каде ветерот кинел ролетни, оштетил кров на училиште и рушел стебла врз автомобилите.
ДХМЗ го подигна степенот на предупредување за повеќе региони. За Славонија сега на сила е црвено предушредување, а за остатокот на Хрватска, освен крајниот север, на сила е портокалово предупредување поради можно силно невреме. температурите паднаа за повеќе од 10 степни, во однос на вчера.