![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/bih.jpg)
Две лица биле убиени вчеравечер во Калесија, општина во Босна и Херцеговина, а сторителот е во бегство. Како што потврди за „Кликс“ Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла, пронајдени се телата на жена и нејзиниот 13-годишен син.
Како што беше кажано, мажот ги убил сопругата и синот, а полицијата моментално трага по него. Телата се пронајдени во станбено-деловен објект, а според неофицијални информации, мажот и жртвата Инела С. биле формално разведени, но живееле заедно.
Повеќе детали ќе се знаат подоцна, изјави Арнаутовиќ и додаде дека се уште не е познат начинот на убиството.