
Анонимна дојава добиле на мејл во Факултетот за политички науки во Белград – дека утре во таа зграда ќе биде поставена бомба. Деканката на ФПН, Маја Ковачевиќ, веднаш реагирала и го пријавила случајот во полицијата, која се наоѓа пред факултетот.
По проверка и договор со деканката, полицијата ќе одлучи дали да ја евакуира зградата каде што моментално се наоѓаат блокираните студенти, јавија белградските медиуми.