Skip to main content

Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ

Фото: predsjednikrs.rs

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повторно без пречки ја напушти територијата на Босна и Херцеговина и се наоѓа во Белград, иако против него е распишана централна потерница, објави Анадолија.

Додик се појави во живо на белградската телевизија Информер ТВ, заедно со потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вулин. Причината за неговиот престој во Белград е учеството на вечерашниот митинг „Не ја даваме Србија“, организиран како поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ.

Централната потерница за Додик беше распишана од Судот на Босна и Херцеговина на 17 март, откако тој, заедно со премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, не се одазвале на повикот на Обвинителството на БиХ,  каде биле повикани како осомничени за загрозување на уставниот поредок. 

Поврзани вести