
Претседателот на Република Српска Милорад Додик денес во Москва изјави дека билатералните односи меѓу Русија и Српска се многу добри и дека е многу благодарен за разбирањето на Русија за политичката ситуација во БиХ.
„Русија е гарант на Дејтонскиот мировен договор. Благодарни сме што Русија во ОН се покажува како заштитник на меѓународното право и укажува на неговото уништување. Русија, исто така, укажува на фактот дека Дејтонската структура во Босна и Херцеговина, која ја сочинуваат Срби, Бошњаци и Хрвати, мора да се одржи“, рече Додик на прес-конференција по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој истакна дека Лавров сфатил дека Република Српска поминала низ тежок период со поранешната американска администрација, која сакала Босна и Херцеговина да биде земја управувана според принципот еден човек, еден глас.