Skip to main content

Делегација на ПССЕ оваа недела во посета на Косово за да ја процени кампањата и климата пред изборите

Тричлена делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Петра Баир од Австрија, ќе го посети Косово на 16 и 17 јануари за да ја процени изборната кампања и политичката клима пред парламентарните избори на 9 февруари.

Членовите на делегацијата во Приштина ќе се сретнат со највисоките претставници на Косово како и со лидерите и претставниците на водечките политички групи во парламентот, соопшти денеска Советот на Европа.

Планирани се и средби со членовите на делегацијата на косовското Собрание во ПССЕ, со претседателот и членовите на Централната изборна комисија на Косово, со главниот набљудувач на мисијата за набљудување на изборите на Европската унија, со членови на меѓународната заедница, како и со претставници на дипломатската заедница, граѓанското општество и медиумите.

Дваесетчлената делегација на ПССЕ подоцна ќе отпатува во Косово за да ги набљудува изборите на 9 февруари. 

Поврзани вести