
Поради невреме, со налети на места и до 130 километри на час, во делови од Хрватска на сила е црвен аларм.
Црвениот аларм важи за Истра, Кварнер и регионот Велебит.
Автопатите меѓу клучките Свети Рок и Поседарје, Јадранската магистрала меѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена, Масленица-Затон Обровачки и обиколницата Омиш се затворени за секаков сообраќај.
Во прекин се и бројните линии на траекти и катамарани.
Невремето се очекува да се смири во текот на утрешниот ден.