
Автобус со 21 патник од Бугарија, кој патувал кон Измир, вчера целосно изгоре на платото на граничниот премин Капикуле. За среќа нема повредени.
Возилото се запалило и за кратко време било зафатено од силен пожар. Возачот навреме ги забележал пламените јазици, веднаш го запрел автобусот и овозможил брза и безбедна евакуација на сите патници. Очевидци сведочат дека автобусот за неколку минути се претворил во огнена топка. На местото брзо интервенирале противпожарните екипи кои го изгаснале пожарот.

Македонски




