Skip to main content

Албански пиперки повлечени во Словенија, имале вишок пестициди

 Словенечката компанија „Геапродукт“ ги повлече од продажба црвените пиперки со потекло од Албанија поради вишок пестициди ацетамиприд, формат и флоникамид.

Според словенечките медиуми, на кои се повикува Ора њуз, пиперките првично биле спакувани во картонска кутија, а потоа во пластични кеси.

-Поради вишокот пестициди, производот не треба да се консумира. Лицата кои биле во контакт со контаминираната храна треба да ги дезинфицираат рацете, соопштила компанијата.

Исто така ги замолила клиентите да го вратат производот на местото од каде што го купиле, но, доколку тоа не е можно, треба да го фрлат во биолошки отпад.

Деновиве Хрватска уништи четири тони домати произведени во Албанија, откако било утврдено дека биле испрскани со хлорфенапир, и тоа со петпати поголема количина од дозволената со овој отров кој ги убива инсектите.

Претходно, пак, Хрватска и Босна и Херцеговина  уништија десеттина тони праски увезени од Албанија, бидејќи во ова овошје е пронајдено високо присуство на тешкиот метал никел, кој може да предизвика канцерогени заболувања и да го загрози здравјето на луѓето. 

Поврзани вести