Skip to main content

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

Фото: Фејсбук/Lumir Abdixhiku

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) Љумир Абдиџику денеска изјави дека изборот на Димал Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето и непростива грешка на неговите приврзаници.

– Ова е нивното ниво. Вака ја проектираат Републиката. Со овие вредности, тие одлучија да ги почитуваат гласачите и народот на Косово. ДСК има поголема тежина. Косово мора да има поголема тежина. Политичките несреќи и триумфи на историското незнаење ќе бидат надминати. Еден ден ќе дојде светлост, напиша Абдиџику на Фејсбук.

Косовските пратеници денеска со 73 гласа „за“ го избра Баша за претседател, но со неговиот избор не е завршен процесот на конституирање на Парламентот, бидејќи треба да се изберат и пет потпретседатели.

Пратениците по паузата треба да изберат и потпретседатели.