Skip to main content

Во Прилеп отворена изложбата „Уметничкиот сон“ на Методи Исков

Центар за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп

Синоќа во Ликовна галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата „Уметничкиот сон“, од Методи Исков.

Изложбата поддржана од Министерството за култура и туризам, е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста.

Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп

На изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни изрази.

Отворајќи ја изложбата, м-р Каролина Мицевска, посочи дека проектот ја нагласува важноста на општеството во мисијата за поддршка и афирмација на уметноста.

Фото: Центар за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп

„Уметничкиот сон“, е концептуален проект што ја поканува публиката да влезе во светот на имагинацијата, да ги истражи сопствените соништа и преку делата да открие нови можности за разбирање на уметноста како универзален јазик што нè поврзува – рече Мицевска.

Уметникот Методи Исков,претседател на ДЛУП, има реализирано самостојни и групни изложби и изработено повеќе мурали.

Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп