Skip to main content

Во два чилеански региони прогласена вонредна состојба поради шумските пожари

Претседателот на Чиле, Габриел Борич денеска прогласи вонредна состојба во два региони во јужниот дел на земјата зафатени од шумските пожари, при што загинаа 16 лица, а повеќе од 20.000 луѓе беа евакуирани, а најмалку 250 домови се уништени.

Агенцијата за шумарство на Чиле соопшти дека во земјата активни се 24 пожари, а најголеми се во регионите Нубле и Биобио, каде што Владата прогласи вонредна состојба. Регионите се оддалечени околу 500 километри од главниот град Сантијаго.

Во пожарите во Нубле и во Ниобио изгореа речиси 8.500 хектари земја, заканувајќи се на многу заедници во регионот, што ги натера властите да наредат евакуации. Гаснењето на огнот е отежнато од неповолните временски услови – силните ветрови и високата температура на воздухот.

Чиле и соседна Аргентина се погодени од екстремни температури и топлотни бранови од почетокот на годината. Претходно овој месец аргентинскиот регион Патагонија беше зафатен од големи пожари. 

Поврзани вести