Skip to main content

Српската инфлуенсерка Зоранна е љубовта на голманот на Курасао

Репрезентацијата на Курасао го освои првиот бод на Светско првенство откако ноќеска со Еквадор одигра нерешено без голови 0:0, а јунак на дуелот е голманот на Курасао Елој Рум, кој имаше дури 15 одбрани. На овој начин Рум стана рекордер по бројот на одбрани на еден натпревар (за 90 минути) и го спречи фаворитот во дуелот Еквадор да дојде до победата. Негова девојка е српската инфлуенсерка Зоранна.

Еквадор постојано напаѓаше,за разлика од Курасао, кој ретко се закануваше. Репрезентацијата од Јужна Америка на тој начин продолжи со слабата реализација откако и во квалификациите шест натпревари ги заврши без голови.

Во последното коло од групата Курасао игра против Брегот на Слоновата коска и со евентуална победа ќе обезбеди пласман во следната рунда, додека Еквадор ќе игра против фаворитот Германија.

Поврзани вести